audiopill2-600x300

Ни журките веќе не се тоа што беа. Сите се ѕверат во телефоните, има такви кои доаѓаат со слушалки за да „слушаат своја музика“, па дури во светот се организираат т.н. „тивки забави“ при кои учесниците можат да слушаат тотално различна музика (често измиксана на истото темпо) преку слушалки. Ултра-забавно!

Се чини дека тоа не е доволно, па журкањето на YouTube по дома ќе мора да отстапи место на Audiopill.

Што е Audiopill?

Audiopill (беш)е Indiegogo кампања за поддршка на проектот на уметникот Јан Пупи (Jan Poope). Се работи за „апче“ кое во себе има вибратор (употребен за сосема други цели) и е обложено во силиконска обвивка.

Апчето го местите на одредена брзина и потоа го – голтате. Да, токму така. Е, по голтањето имате 10 часовна „журка“ одвнатре во стомакот, почнувајќи од желудникот, па низ тенкото, дебелото црево и на крај – знаеме каде.

Едноставно е „техно забава од која не можете да си отидете“, како што е напишано на страницата за кампањата. Описот на Јан Пупи за Audiopill е нешто што ќе ви ја долови поентата на овој изум: „Го голтнуваш апчето и потоа имаш десет часовен БЕНГ внатре во стомакот БЕНГ ненормалност БЕНГ радост БЕНГ хорор БЕНГ оптимизам БЕНГ екстаза БЕНГ болка БЕНГ БЕНГ БЕНГ БЕНГ…“.

Намената на Audiopill е да ги симулира вибрациите кои ги добивате од гласните басови кога одите на журки и концерти, но овојпат без да ги оштетувате тапанчињата на сите околу вас. Човек да се запраша што бидна со земање екстази и играње до сабајле? Дури и клаберот ќе ви каже дека основна финта во клаберството е да знаете што кога треба да лапнете:

Нормално, Јан Пупи избегнува секаква одговорност со вашето користење на Audiopill, што не треба да ве чуди ако навистина купите такво нешто. Тој разговарал со доктори и експерти за полимери кои, замислете, му рекле „никогаш да не проголта вакво нешто“. Тоа е зошто од тоа книгите изгубиле смисла за забава, најверојатно. Или пак зошто не се заинтересирани да отвораат човек на операциона маса зошто мислел дека голтање вибратор е одлична идеја за провод.

Зошто е Audiopill?

audiopill-600x400

Ни самите ние не знаеме. Искрено, ми изгледа дека е трол проект на Јан Пупи кој се надевал дека ќе доживее некаков ироничен успех земајќи предвид интелектуалната состојба на младите денес. За среќа, изгледа дека ниту тие сметаат вибратор во желудник е врвот на доживувањето на журкањето. Или пак можеби едноставно не успеале да го забележат проектот поради оптовареноста со есенцијални работи како лајкување слики и прегледување 9gag.

Како и да е, проектот собра(л) само 0,098% од потребната сума, или 148 евра од 150.000 евра. Што би рекол дека е трагично имајќи предвид дека сигурен сум дека постојат „клабери“ кои би го пробале Audiopill – нешто што ќе им го забрза патот кон стекнување со Дарвиновата награда.

Интересното е што еден човек нарачал рачно изработен прототип од Audiopill, па би сакале јавно да го замолиме да се сними и да го закачи видеото од користењето на YouTube. Ах тој клаберски живот.

Се поставува логичното прашање – што е следно?!

Дополнителни информации: Indiegogo: Audiopill, Gizmodo, Oddity Central

Претходна статијаPlayStation 4 ќе поддржува стриминг на игрите на Windows и Mac компјутери
Следна статијаMicrosoft патентира дигитално пенкалце кое може да распознава бои