Што велите за личен облак во вашиот дом кој може да ве заспие со неговата тмурност, а воедно да претставува светилка, аудио-систем, и да е уникатен по изглед?
Токму тоа како производ го нуди дизајнерот од Нов Зеланд, Ричард Кларксон. Неговиот концепт на облак-светилка е направен од хипоалергенски влакна налепени на пена, што ја претставува формата која е налик облак. Во внатрешнината на светилката има Arduino микроконтролер кој е осетлив на вашите движења и соодветно ја менува програмата на облакот кон „громови“ и „невреме“, кои се симулирани од внатрешнината на „облакот“.
Светилката може да се управува и со далечински управувач со кој можете да ја префрлите да работи како ноќно светло или пак да презема музика директно преку Bluetooth и да ја пушта преку своите звучници. Да, Cloud има и звучници во себе кои покрај за музика служат и за поверна симулација на невреме.
Секоја верзија на Cloud е уникатна по изглед и е со димензии отприлика 71 х 36 х 33 цм. Цената за паметната верзија е прилично солени 3.360 долари, што вклучува далечински управувач, лампи кои менуваат боја, 2.1 звучен систем и детектор на движење. Само лампа да се нарача чини 960 долари, што вклучува светилка Phillips која може да се затемнува, а за 240 долари можете да нарачате парче кое се закачува на плафонот и глуми вистинско небо.