Најновите производи за домаќинствата од Samsung слободно може да се каже дека ја најавуваат иднината која сите ја очекувавме, а таа е кратко истакната со визијата од компанијата „Екрани насекаде“. 

Повеќето научно фантастични филмови, а посебно нешто постарите, претставуваат иднина во која корисниците можат да ги контролираат своите паметни домови преку екрани вградени во производи како што се фрижидерите, на пример. 

Екрани насекаде визијата на Samsung почнува да се реализира со вградување екрани не само во фрижидерите, такво нешто тие имаат веќе со години, па екраните почнуваме да ги гледаме и кај машините за перење, шпорети и слични производи. 

Од The Verge го поставуваат прашањето дали ова ќе значи дека во иднина можеме да очекуваме и реклами насекаде, што мора да се признае е логично прашање. 

Краткиот одговор е дека засега не треба да се очекуваат рекламите, но никогаш не се знае што носи иднината. 

The Verge продолжуваат и со свое размислување за тоа дали има потреба од вградување екрани кај повеќето производи, па нивата статија можете да ја прочитате за тој дел. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаОдржан Форум за интелектуална сопственост во организација на АЕТСМ и АмЧам
Следна статијаSamsung ја проширува директната достапност до AI помошникот преку страничното копче на Galaxy A серијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.