Сите ние редовно проверуваме некакви информации, без разлика дали се работи за информации на нашите мобилни телефони, таблет или десктоп компјутери. Тука се email и chat пораките, временската прогноза, Facebook и другите социјални мрежи, календарот и многу други слични информации.
Displio е мал уред со димензии од 63 mm x 82 mm x 28 mm на кој што е поставен 2,7 инчен e-ink екран. Овој вид на екрани е погоден за вакво користење поради тоа што тие користат многу малку енергија поради нејзината потреба само кога се менува содржината, а не цело време.
Во основа, на овој екран се прикажуваат таканаречени виџети со информации. Displio е наменет да биде поставен на било која маса или локација каде што би ви користел. Поради користењето на e-ink екран, тој работи на батерија која што треба да издржи до 1 месец на едно полнење, па уредот на вклучува никакви кабли кои што само би сметале.
Displio исто така вклучува Wi-Fi конекција за поврзување со мобилните уреди, акцелерометар и звучници. Со мобилните телефони се поврзува за инсталирање на виџети, но и за прикажување на нотификации од нив, како нови добиени пораки и слично.
Акцелерометарот се користи за детектирање на движењето на уредот, со кое што се менуваат инсталираните виџети. Ова всушност е навистина интересно решено, доколку сакате да го промените моменталниот виџет, се што треба е да го свртите коцкастиот уред и виџетот ќе се смени.
Displio доаѓа со отворена API алатка со што се овозможува секој кој што сака да направи виџет за уредот, а идејата е развивачите на веќе постоечки апликации за мобилните, да прилагодат и виџет за овој уред. Моментално се достапни повеќе виџети меѓу кои:
- Временска прогноза
- Календар
- Акции од компании
- Сообраќај
- FitBit информации
- Facebook, Twitter
- Потсетник
- PayPal инфо
- И повеќе
Намените на Displio се многу, па така тој може да се користи во канцеларија за следење на календарот или акциите, дома за следење на временската прогноза или Facebook нотификации. Можностите се многу, а треба само да се зголемат, па секој ќе најде користи од овој уред.
Целата е да Displio го замени константното проверување на мобилниот телефон или компјутер за да видиме дали има нешто ново, односно дали има нова нотификација.
Displio е развиван од страна на Латвиска компанија која што моментално собира средства за негов развој преку Kickstarter. Цента за нарачка на уредот е 100 долари, па нагоре, зависно од времето на нарачка. Моментално се собрани повеќе од 22.000 долари од потребноте 65.000 на 33 дена до истек на рокот.