dubs-4-1024x768

Нашата околина станува се` повеќе аудио интензивна со сите најразлични звуци кои се натпреваруваат кој ќе биде погласен – дали возилото на кое сопственикот намерно му го дупнал ауспухот за да брчи повеќе (надевајќи се дека ќе привлече внимание со тоа), кршењето на бетонот за да се инсталира нова цевка, супергласната музика од некое кафуле кое ве иритира во 1 наутро или плачењето на бебето на комшиите кое едноставно не запира…

Научниците овој феномен го нарекуваат „звучно загадување“ и претставува сериозен проблем во денешниот урбан живот, предизвикувајќи растење на нивоата на кортизол и адреналин (стрес хормони), помала емоционална и интелектуална стабилност и оштетување на слухот.

Што ако имавте уред налик Bluetooth слушалки кои ги сместувате во ушите и со нивна помош можете по желба да стишате, засилите, па дури и елиминирате звуци од вашата околина? Запознајте се со Doppler Here, уред кој има потенцијал да го смени човековото искуство со звукот.

Идејата на Doppler Here е токму гореопишаната – да имате уред со кој можете да ја контролирате вашата звучна околина. На концерт плаќате исто, но ви изгледа дека во претпоследниот ред звучното искуство кое го добивате не е баш исто со тоа во прв ред? Нема проблем. Ги активирате Doppler Here, го менувате еквилајзерот соодветно на местото и звукот ви е далеку почист и ви пружа подобро искуство. Комшиите се исклучиво некомпетентни да го сопрат плачењето на нивното бебе во 4 часот наутро? Го одбирате „Baby Supress“ модусот на работа и бебето веќе не постои во звучниот спектар, а сите останати звуци остануваат да постојат.

Дополнително, може да одберете да слушате нешто од ваш интерес, на пример, бел шум или бранови кога сакате да работите или да спиете; музика како стандардни слушалки, со активно поништување на надворешните звуци; да ги појачате конкретни звуци од возилото за да откриете дали има некаков проблем; и така натаму. Ако сето ова ви изгледа како научна фантастика, имајте предвид дека технологијата на поништување шум, еквилизација, изолирање на звуци и така натаму веќе постои и ја користите во вашите преносни уреди.

dubs-2-1024x819

Секако, Doppler Here не е совршен уред и тек ќе треба да се усовршува, но засега е прилично импресивно парче технологија кое сигурно ќе ги импресионира аудиофилите и другите аудио професионалци, а веројатно и просечниот човек. Here се` уште не може да се нарача, но затоа има Kickstarter кампања каде што можете да го поддржите – и да си обезбедите еден пар за себе, за 179 долари (за жал, само ако сте или имате некој кој се наоѓа во САД да ви ги подигне).

Извор: TechCrunch, Wired

Претходна статија20-годишник измисли начин за чистење на океаните од пластика
Следна статијаИнтел предводи нова ера на компјутерски искуства, интелигенција насекаде