Додека сме млади може не ги чувствуваме последиците од константното „звучно загадување“, но верувајте, тие можат да бидат големи. Затоа, носењето на тампони за уши секаде каде што има гласен звук е начин да го заштитите звукот и да можете добро да ги слушате внуците кога ќе бидете постари.
Ќе ви кажам за моето искуство на фестивалот Exit годинава – првите две вечери бев неспремен, без тампони за уши и после тие ноќи вечерта не ни можев да заспијам. Имав зуење во ушите и намален слух, кој потоа траеше неколку денови. Последните две вечери, стандардните „сунгерести“ тампони донекаде помогнаа – доволно го стишуват звукот, но од друга страна и го намалуваат квалитетот на музиката, особено во средните и високите тонови.
EarDial се специјално дизајнирани тампони кои ветуваат дека нема да го намалат квалитетот на музиката на концертите, но ќе ја намалат гласноста и со тоа ќе го заштитат вашиот слух. Се работи за мали, силиконски тампони, кои имаат неколку конуси на нив кои сопираат дел од звукот. Тампоните доаѓаат и со специјално метално цилиндарче за носење, кое може да се прикачи како превезок и кое изгледа прилично кул, а се многу мали и скоро невидливи кога ќе ги ставите во увото.
Со тампоните ќе се испорачува и специјална апликација, која ќе ја мери гласноста на звукот околу вас и ќе препорачува колку време може да останете пред да почувствувате проблеми со слухот.
EarDial се засега Kickstarter кампања, која ако ја поддржите, покрај тоа што ќе помогнете тие да бидат лансирани на пазарот, 5% од средствата ќе бидат и донирани во организациите за заштита на слухот кај луѓето. За да успее овој проект инаку потребни се 7.500 фунти, а досега има собрано 1.550 фунти.
На крај, неважно дали овој проект ќе успее, доколку сакате да го заштитите вашиот слух, отидете до најблиската аптека и купете си стандардни тампони и користете ги секогаш кога ќе излезете – бучавата во градот е навистина голема. Верувајте, вашето уво ќе ви биде благодарно.
Извор: Venture Beat, EarDial, Kickstarter