Најголемата социјална мрежа, веќе одамна вложува во други технологии, а особено на хардвер сцената, каде тие ја лансираа новата Surround 360 камера за снимање 360 видео, кое потоа ќе може да се гледа преку VR уредите како Oculus Rift и Samsung Gear VR.
На самата 360 камера, односно подобро да ја наречеме систем од камери, има дури 17 посебни камери. Поголемиот дел од нив, поточно 14 се поставени околу камерата и се со леќи со широк агол, додека една “fisheye” камера и две “fisheye” камери се поставени во горниот, односно долниот дел. Fisheye е всушност леќа со многу широк агол.
Покрај тоа, за снимање на видеото, камерите користат “Global Shutter” наместо “Rolling Shutter”. Накратко, овој вториот има проблеми со брзо движење на камерата и создава ефект на „желе“ во видеото – пробајте да го движите вашиот смартфон брзо при снимање видео и ќе го видите овој ефект. Global Shutter го елиминира ова и го прави VR видеото многу поприродно. Камерата секако има и многу моќен процесор во внатрешноста – излезното видео е со 8K резолуција!
Сите овие технологии вградени во Surround 360 камерата на Facebook, секако дека ќе придонесат и за многу висока цена, која изнесува енормни 30.000 долари! Ова е двојно повеќе од GoPro Odyssey VR камерата направена во соработка со Google, но двојно помалку од Nokia Ozo камерата наменета за професионалните сниматели.
Сепак, цената не мора да е ограничување за сите – Surround 360 е “Open Source”, што значи дека секој кој сака може да направи своја камера со истите спецификации. Нормално, и ова нема да биде евтино, но веројатно ќе чини помалку отколку самата камера.
Извор: Venture Beat, The Verge, Engadget