1bdc7d6653c5b2fc03c9b42b4df96ac4_original

Fogo е батериска ламба направена за модерните авантуристи, со вградени функционалности овозможени од достапноста на технологијата денес. Тоа значи дека оваа ламба може да овозможи многу повеќе од осветлување на патот кога тоа е потребно.

Моментално Fogo е понудена на Kickstarter каде што ги собира потребните средства за понатамошен развој. До истекот на рокот остануваат уште 29 дена во кои што треба да бидат собрани барем 125.000 долари, од кои што досега се собрани повеќе од 12.000. Доколку финансирањето помине успешно, почетокот на продажба на уредот се очекува од оваа есен.

Fogo поточно претставува батериска ламба на која што се вградени дополнителни функции како што е GPS чип, Bluetooth, екран на кој што се прикажуваат информации, USB порта, компас и повеќе.

8b0dbf36f38bdce22b9a03b174ea773d_original

Ламбата функционира на оперативен систем кој што доаѓа со апликации кои што ја прошируваат функционалноста на уредот, а програмерите можат да развиваат дополнителни свои апликации. На екранот се прикажуваат информации од сензорите кои што се вградени во уредот.

Корисниците можат да ја користат ламбата и за навигација, а насоките покрај тоа што ќе бидат прикажани на екранот, ламбата дава и светлосни знаци секогаш кога тие нема да се движат по точниот пат.

Fogo доаѓа и со можност за прикачување на неколку видови на држачи на велосипед. Покрај осветлување на патот, уредот може на екранот да прикажува информации поврзани со брзината на движење, качувањето, поминатата далечина, а доаѓа и со поддршка за поврзување на дополнителни сензори преку Bluetooth конекцијата.

Она што го прави дополнително корисен Fogo е можноста за додавање на различни модули кои што ќе се продаваат посебно. Моментално доаѓа со модул walkie – talkie кој што овозможува разговарање со другите корисници на Fogo кој што се во близина. За понатаму се најавува продажба на дополнителни модули од кои што најважен ќе биде сателитскиот модем.

Fogo може да се нарача преку Kickstarter по цена од 175 долари, односно 225 долари со модулот за комуникација. Цената по потрошувањето на количината за првите нарачки ќе биде повисока за 25 долари.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаСоздадена е првата вештачка матка во Јапонија
Следна статијаНајцврстиот природен материјал пронајден досега се наоѓа во „забите“ на водени полжави
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.