chromecast-1200

Уредот на Google со кој можете да пуштате содржини од вашиот паметен телефон или таблет со Android и iOS на телевизор или каков и да е поголем монитор, ја дочека својата втора генерација.

Целосно редизајниран и побрз, но и натаму по цена од само 35 долари, Chromecast 2 се чини како одличен придружник за сите кои имаат Android и iOS уред, или пак Windows и Mac лаптоп (да, работи и со нив, преку Google Chrome) и поголем телевизор.

Chromecast сега има кружен дизајн и кабелче, што значи дека ќе може полесно да се приклучи ако се зафатени другите HDMI порти на телевизорот – претходникот беше широк и некогаш не можеше да влезе во потесните места. Новиот уред е исто така достапен во три различни бои – жолта (lemonade), црвена (coral) и црна.

Покрај дизајнот, Chromecast 2 има и нова антена со можност за 5G Wi-Fi мрежи, која сега има многу подобар сигнал со Wi-Fi конекцијата во вашиот дом. Google вели дека ова ќе овозможи многу побрзо пуштање на видеата, без многу “Buffering”. Исто така, новиот модел е опремен и со “Fast Play”, кој на пример може автоматски да почне да симнува видео од интернет кога ќе го стартување видео плеерот, со цел откако ќе го пуштите, да не чекате на “Buffering” екранот.

Google на застана само на промените на хардверот – ја редизајнираше и Chromecast апликацијата за Android и iOS, која сега може да ви ги прикаже сите апликации што ги имате на вашиот смартфон или таблет, а кои ќе можат да работат со Chromecast.

Извор: Engadget, The Next Web, Google

Претходна статијаiPhone 6S е најбрзиот телефон на планетата
Следна статијаFacebook со новини за профилите на мобилните и можност за поставување видео наместо слика