e9fc0776a14dd49722b2b26d8096d1f2_original

Не сакам да звучам како расипана плоча, но денешната батериска технологија е катастрофа. Сите сме биле сведоци на прекрасната ситуација кога на сред работа или патување телефонот весело не’ потсетил дека му остануваат уште само 14% од енергијата на располагање. Потоа се знае што следи, вадење адаптери, налудничаво барање штекери и прашување дали може да се користат.

За да ги реши овие проблеми постои HeLi-on, особено ако се движите надвор изложени на Сонце. Имено, HeLi-on е производ кој е многу мал, а има способност да го наполни вашиот телефон со енергија. Се работи за цилиндрично пакување кое во себе крие свитливи фотоволтаици, батерија и USB порта.

Преку USB портата можете да го поврзете кој сакате одговарачки производ и да го наполните, а батеријата ќе ви обезбеди околу 2.600 мАч. Батериите во телефоните денес се малку помалку од ова, па HeLi-on ќе ви послужи сосема доволно во критични моменти. Едноставно го извлекувате сончевиот панел и го изложувате на светлина и за 2-3 часа имате наполнета резервна батерија. Потоа го враќате назад и сместувате во џеб. Поедноставно не може да биде.

Ако сакате едноставно и пригодно решение за смирување на вашите нерви во критични ситуации, можете да го нарачате HeLi-on на Kickstarter страницата за кампањата за 70 долари. Ние сметаме дека е одлична идеја, но за жал малку поскапа од што би очекувале.

Извор: UberGizmo, Kickstarter: HeLi-on

Претходна статијаOukitel K10000 е смартфон со гигантска батерија од 10.000 mAh
Следна статијаZackees LED Turn Signal – Ракавици за поголема безбедност на велосипедистите