Се договарате со вашите пријатели да дојдат кај вас за да гледате филм. Стигнуваат, се послужуваат грицки, и се пушта филмот. Во меѓувреме им давате 3Д очила, по што изразот на нивните лица е „досадно“.
Сепак, во ракавот криете трик кој ќе ги внесе во приказната повеќе од сите 3Д очила заедно, бидејќи ги сместивте на новиот кауч Immersit. Започнува филмот со акција, а заедно со него и каучот. Гостите се вадат од памет кога експлозија во филмот ги фрла во воздух и не им е јасно што се случува – но вам ви е.
Се работи за 4Д кауч кој се движи во синхронизација со акцијата на екранот, со помош на мотори кои можат да го местат во разни позиции. Immersit е дело на француска компанија која сака да го воведе поживото искусување на филмовите во вашиот дом. Прототипот кој засега постои работи одлично, но со мали недостатоци.
Имено, моторите се слушаат кога го движат каучот (што ќе се исправи во иднина), не е во секој момент најдобро синхронизиран во однос на акцијата, и за да работи како што треба, потребно е да се снимат движења во однос на секој филм – а засега има само за 2 филма.
Ако нема снимени движења за некој филм, тогаш можете да го активирате и Immersit ќе се движи синхронизиран на музиката во филмот, што е подобро отколку ништо. Сепак, ако плаќате од 800 – 1.200 долари за ваков симулатор на движење, би сакале да има многу материјал за него.
Како и да е, одличен чекор кон оживување на филмовите во нашите домови. Ваквите технологии (3Д, 4Д, … 7Д) овозможуваат да ни се збогатува искуството со видеото, кое е веќе стар медиум.