456b249a499f5150d2b05a037b1b67c8_original

Деновиве секакви работи се поставуваат за групно финансирање преку сервиси како Kickstarter, Indiegogo, RocketHub и други. Многу од нив се одлични идеи, како на пример геџети за управување, модуларни телефони и звучници, попаметно користење на старите батерии… За жал, некои од нив се „утки“ и не успеваат да го лансираат производот.

Сепак, повеќето се успешни и воведуваат интересни идеи од иноватори кои веројатно никогаш не би дошле до пристап на пазарот (или идејата би им била украдена) кога би требало да одат преку „стандардните“ процедури и играчи. Таква идеја е Ion Belt.

Ion Belt е ремен за панталони кој во исто време е извор на дополнителна енергија за вашиот телефон. Иглата прицврстена на токата која влегува низ дупките на ременот е всушност USB порта, а со вклучување на специјално дизајниран кабел се претвора во дополнителна батерија.

Со едноставно притискање на копчето ременот почнува да спроведува струја до приклучениот уред кој седи во вашиот џеб. Заради тоа целиот склоп во нормални ситуации воопшто не се ни гледа. Воедно, мора да ги пофалиме инженерите и дизајнерите бидејќи го задржале класичниот изглед на ременот и не воведувале некакви „иновации“ таму каде што не треба – во дизајнот. Ова овозможува Ion Belt да се носи на скоро се` што имате по дома.

Ion Belt има капацитет од околу 3.000 мАч што е доволно за едно до две дополнителни полнења на вашиот телефон. За да ве протурка низ денот, сосема доволно би рекле. Неговите создавачи бараат помош од вас преку Kickstarter кампања (придружена со прилично комично видео кое можете да го погледнете горе) за да можат да го лансираат овој ремен на пазарот, а за возврат нудат еден Ion Belt за 89 долари (регуларната цена ќе му биде 130 долари).

Од друга страна, гледајте што помалку да го носите телефонот во џеб бидејќи има значаен негативен ефект врз квалитетот на вашата плодност.

Извор: The Next Web, Android Community

Претходна статијаHuawei го навестува Mate 8, најмоќниот смартфон на компанијата
Следна статијаMicrosoft работи на Surface Phone, како и нови „Лумии“ со Snapdragon 820