На „Let Loose“ настанот денеска, Apple ги претстави сите очекувани нови производи кои беа неофицијално најавувани. Главни слободно може да се каже дека се новите iPad Pro со двоен OLED екран и М4 чипот, заедно со нова Magic Keyboard и Apple Pencil Pro, но одлична надградба доби и iPad Air.

Точно како што беше најавено, iPad Air сега има две големини, па покрај стандардната 11 инчна верзија, сега корисниците можат да изберат и поголема, 13 инчна верзија од таблет компјутерот.

Покрај оваа промена, iPad Air сега предната камера ја поставува на страната, односно за користење во пејзаж позиција, нешто што дефинитивно е подобро и повеќе корисно при видео повиците.

За работата на новите iPad Air тука е М2 чипот, а од компанијата најавуваат 50% подобрување кај перформансите во споредба со претходната генерација која дојде со М1.

iPad Air доаѓаат со поддршка за новото Apple Pencil Pro, а секако тука е и Magic Keyboard.

Apple и за овие модели истакна дека се моќни кога е во прашање вештачката интелигенција, но ќе мора да почекаме уште еден месец за да ги видиме новините кои ќе дојдат на овој план.

ИЗВОРApple
Претходна статијаApple ги претстави новите iPad Pro со двоен OLED екран и М4 чип
Следна статијаНа Викенд.17 доаѓаат професорот на среќата Мицел Дален и хроничарот на медиумите Боб Гарфилд
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.