Првата информација која излезе, а со која се најави можноста дека Apple работи на развој на уред на преклоп беше во 2022 и истата информира дека од компанијата планираат да претстават прво iPad кој се преклопува.
Ова беше интересна информација поради тоа што се’ уште чекаме на влез на пазарот од страна на Apple, па очекувањата беа дека тоа ќе го направат со iPhone, па со тоа директно да им конкурираат на останатите.
Од тогаш уште неколку пати можевме да прочитаме дека Apple работи на ваков уред, па еве сега повторно доаѓа еден вид на потврда, по што можеме да кажеме дека информациите веќе може да се сметаат како доволно точни.
Најновата информација доаѓа од извори на DigiTimes и истите тврдат дека Apple веќе работи со своите добавувачи и iPad на преклоп е веќе во „интензивен развој“. Мало производство наводно се планира за втората половина од идната година, по што уредот би можеле да го видиме до крајот на годината или почетокот на 2025.
Според информациите, Apple со години работи на вакви уреди, со константни промени во дизајнот, а како главен проблем за нив е линијата која се прави на местото каде што се превиткува екранот, како и самиот механизам за преклоп.
Од компанијата наводно бараат и како да направат поевтино решение на проблемите, а тие веќе се во контакт со Samsung и LG.
Се ближи времето кое сите гласини го истакнуваат како тоа кога Apple конечно ќе влезе на овој пазар, па ќе видиме дали тоа ќе се оствари.