Уште еден производ кој сигурно не би го виделе во ваква форма да не беше кризата со COVID-19 болеста, дел од низа вакви производи кои ги гледаме овие месеци од годината.

Samsung, најверојатно само за во една земја за почеток, претстави безжичен полнач за мобилни и други уреди, кој се затвора и притоа ги дезинфицира со вградените УВ светла. Според тоа што е набројано дека може да се дезинфицира, Sars-COV-2 не е спомена, но уште ретко се наоѓа производ кој тврди дека го убива овој вирус.

Сепак, според доста тестирања, УВ светлината успешно го убива овој вирус, кој иако го нарекуваме нов, е дека од група на веќе познати вируси кои имаат одредени заеднички карактеристики.

Времето кое е потребно да биде дезинфициран еден уред во ITFIT е 10 минути, но јасно е дека корисникот најчесто ќе го остава својот уред многу повеќе поради тоа што ретко кој уред е доволно да се полни само 10 мин.

Големината на ITFIT е доволна за да во него го собере големиот Galaxy S20 Ultra, што значи дека ќе нема проблем да ги собере повеќето телефони на пазарот, а може да се стават и слушалки и слично.

ИЗВОРPCMag
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНишто од намалувањето на потрошувачката на RAM кај Microsoft Edge и Google Chrome во Windows 10 May 2020
Следна статијаПрви слики од „послабиот“ Galaxy Note20 после голем број слики од Ultra моделот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.