Фото: JerryRigEverything

LG Rollable требаше да биде алтернатива на веќе доста популарните уреди на преклоп, во форма на книга, кој линијата на преклопот ја имаше решено со екран кој се намотува, наместо да се превиткува. 

Овој концепт уред беше презентиран во 2021 година во рамките на CES настанот, но за жал никогаш не доби шанса да биде официјално претставен поради тоа што неколку месеци подоцна од компанија објавија дека излегуваат од пазарот на смартфони. 

Другите компании не се решија за ваков екран кај нивните уреди, па LG Rollable остана само концепт кој од оваа година изгледа и нема да биде толку потребен, барем кога е во прашање линијата на превиткување на екранот. После скоро една деценија, екраните кои се превиткуваат конечно се стигнати до ниво каде линијата на местото на превиткување веќе не се гледа или е минимална

Познатиот YouTube канал „JerryRigEverything“ успеваат да дојдат до LG Rollable примерок, па објавија видео во кое го прикажуваат овој уред. Во стилот на овој канал, не е прикажано само функционирањето на уредот, па може да се види и целосно расклопување и преглед на внатрешните компоненти, а посебно тие за намотување на екранот. 

Интересно е што од LG вклчиле кратка музика при проширувањето и стеснувањето на екранот, со цел да не се слуша „моторчето“ при процесот.

Видеото можете да го погледнете во продолжение. 

Претходна статијаLinkedIn страната користи доста напредна скрипта за „fingerprinting“ 
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.