Сензори има насекаде, во телефони, таблети, облека, а од скоро и во паметни часовници кои покрај другите работи внимаваат и на вашето здравје.
Студентот од МИТ, Бен Харватајн, заедно со својот колега Сет Бергер пак, целиот концепт за “медицински” сензори со својот проект Jolt го носи на едно друго ниво.
Главната идеја на Харватајн е да се помогне во развојот на младите атлети со минимизирање на повредите што би се случиле на нивниот тренинг или натпревар.
Приказната на студентот е слична, маката го натерала да го создаде овој уред откако на тренинг доживеал контузија на главата.
Тој всушност како што се случило и на голем број луѓе, откако добил удар во главата, немал симптоми и не знаел дека има повреда која може да е сериозна. Продолжил со тренингот во борење и по неколку минути од здобиените удари почувствувал вртоглавица што пак довело до оштетување на мозокот.
Оттука на Kickstarter со овој проект сака да го смени начинот на кој се забележуваат и третираат потенцијалните повреди кои настанале само моменти по ударот. Уредот Jolt е мал пластичен водоотопорен сензор налик на штипка, кој може да се закачи на опремата без разлика дали е кацига, стегач или заштитни очила.
Придобивката од ова мало сензорче е што го набљудува забрзувањето што го прави главата и во вистинско време забележува опасни движења и алармира на тој начин што вибрира. Со ова всушност го известува играчот односно родителот или стручниот медицински тим доколку се појави контузија.
Како што многу современи уреди можат да се поврзат со апликација на телефон така и Jolt дозволува надгледување во вистинско време преку блутут сигнал. Ова е одлична алатка за тим што го надгледува младинскиот играч или пак целиот тим што би овозможило брза реакција доколку се случат сериозни удари.
Интересно е што имаат и кампања на Twitter преку која луѓе што сакаат да помогнат гласаат за тимот кој мислат дека треба да има ваква корисна алатка. Момците потоа ќе ги соберат гласовите и ќе поделат бесплатни сензори на секој играч.
Досега проектот на Kickstarter го поддржале 196 луѓе. До завршување на кампањата има уште 25 дена а собрани се 15,976 долари од вкупно 60 илјади долари. Паричните средства ќе бидат насочени кон усовршување на функционалноста на уредот, како и во подобрување на употребата и создавање на апликација за Android. Момците се надеваат дека ќе почнат да го продаваат Jolt во март 2015 година.
Извор: Kickstarter