Повеќето паметни телефони и часовници во денешно време доаѓаат со можноста истите да се користат одреден период и на одредена длабочина во вода, зависно од нивниот стандард за отпорност на вода. Apple Watch доаѓа со оваа можност, а интересен е начинот на којшто овој часовник се враќа во состојба за безбедно користење по бањањето на корисникот.

Во основа, Apple Watch влегува во режим за во вода којшто го исклучува екранот за да не може да се користи додека часовникот е наводенет. По излегување од водата, корисникот треба да го придвижи страничното копче, по што часовникот ќе започне процедури која ја исфрла водата надвор од внатрешноста.

Начинот на којшто се исфрла водата е преку звучниците кои пуштаат кратки високи тонови, слични на вибрации. Истите се пуштаат повеќе во серија, а помеѓу се прави пауза со цел да може што поголем дел од водата да биде исфрлен.

Како точно изгледа овој процес на исфрлување на водата најдобро може да се види преку видео снимен во бавен режим, а дечките од YouTube каналот „The Slow Mo Guys“ имаат направено токму такво видео. Истото е доста интересно и можете да го погледнете на почетокот од оваа статија.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаДали „лајк“ копчето од Facebook поставено на другите страни треба да се смета како „прислушкување“ од оваа мрежа
Следна статијаМакпрогрес развива регионална академија и центар за иновации со поддршка на ЕБОР
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.