magicleap_augmentedreality-970-80

Замислете си ситуација во која седите зад вашето досадно канцелариско место, работејќи на тие Ексели по 12-ти пат денеска. Одеднаш, нешто се менува во ситуацијата додека го проверувате сандачето со пошта и вашата канцеларија станува ринг за борба против вонземски чудовишта! Бирате оружје и тргате во борба против чудовиштата и монотонијата.

Неверојатно? Ако ги прашате од MagicLeap ќе ви се насмеат. Тие само што објавија видео во кое се гледа токму горното сценарио, а самиот приказ и слојот на надградена реалност изгледа толку веродостојно што по некое време користење веројатно ќе се прашувате каде е границата меѓу двата света.

Инаку, MagicLeap е финансиски „потпомогната“ од Google (со повеќе од 500 милиони долари). Google, како што се докажа во многу наврати досега, сака да развие секаква модерна технологија и често се зафаќа со проекти кои на прв поглед изгледаат чудно или неупотребливо. Тие што ја следат технологијата отприлика насетуваат дека системите на виртуелна и надградена реалност ќе го променат начинот на размислување околу светот и ќе ни овозможат живеење во секакви имагинарни светови (секако, за одредена фина месечна парична сума).

Видеото од нивното претставување можете да го погледнете тука:

Кој не би сакал токму вака да му заврши работниот ден и да се стекне со физичка вежба и адреналин? Ако не сте заинтересирани за победување во епски битки против вонземјани, можеби ќе бидете заинтересирани за прегледување електронска пошта директно пред вас или за стекнување информации за најразлични згради и споменици кога поминувате покрај нив. Употребите на оваа технологија се скоро неограничени.

Извор: TechRadar, Time.com

Претходна статија„Најдобрата“ футрола за големите мобилни ви овозможува полесна работа со една рака
Следна статијаTapBattlz – едноставна но заразна македонска Android игра