Samsung минатата година го претстави еден од најдобрите паметни часовници на пазарот. Galaxy Watch4, покрај одличниот дизајн и функции, доаѓа со One UI Watch кој е сега е направен на основа на Wear OS во соработка со Google.
Сепак, без разлика колку е добар некој часовник, повеќе вакви производи на пазарот, со неколку исклучоци, имаат еден главен проблем, а тоа е потребата од секојдневно полнење, па заедно со телефонот може да претставува активност која доста корисници ги спречува да купат ваков часовник.
Според најновите неофицијални информации од SamMobile, Samsung ќе вгради нешто поголема батерија во Galaxy Watch5 или како и да биде наречен. Батеријата кај помалиот модел ќе биде зголемена од сегашните 247 mAh, на 276 mAh, а ако ова се покаже како точно, може да значи дека поголемиот модел ќе има уште поголема батерија.
Зголемувањето на капацитетот на батеријата не е огромно, односно часовниците од Samsung нема наеднаш да можат да издржат цела недела со едно полнење, но можеби ова ќе биде доволно за два до три дена.
Уште е рано до претставувањето на наредната генерација од Galaxy Watch, па има време да видиме дополнителни информации кои ќе ги потврдат или негираат овие.