Dynamics е американска компанијата која својата технологија во целосно друга област ја искористува за креирање на мал прочистувач на воздух кој наводно е првиот кој целосно го деактивира новиот корона вирус, односно SARS-Cov-2.
Начинот на којшто овој мал и пренослив прочистувач на воздухот го постигнува овој ефект е преку ултра виолетови светилки со висок интензитет кои според производителот ги деактивираат вирусите за две илјадити дел од секундата, поточно 99% од нив со можност за испуштање на 5 литри прочистен воздух во секунда.

Nanowave Air е замислен да се користи во ситуации кога мора да има одредено групирање на луѓе во затворен простор каде тешко се постигнува доволно добро проветрување на воздухот. Прочистувачот треба да е насочен кон луѓето и со тоа да прави струење на воздухот додека во исто време донесува чист, односно од вируси ослободен воздух.
Од Dynamics даваат повеќе примери за каде тие сметаат дека нивниот Nanowave Air би можел да се користи, како на пример во стоматолошките ординации, во хотелите, во домот, во тоалетите, училниците, конференциските простории и слично.