neeoremote-100566663-large

Кој не би сакал далечински управувач кој истовремено може да управува телевизор, DVD плеер, светлата во домот, машината за перење алишта, па и пуштање на вода од казанчето, во комбинација со, на пример, Belkin уреди? Ако истиот има екран осетлив на допир, дали би биле заинтересирани да го помогнете неговото создавање и да се стекнете со ваков управувач?

Компанијата Neeo започна Kickstarter проект кој има намера да создаде токму ваков далечински управувач. Проблемот со стандардните управувачи е тоа што ви треба по еден за секој уред кој треба да го управувате, што знае да се претвори во вистинска шума каде што не се знае кое парче пластика за кој точно уред е. За да се реши овој проблем, некои произведители почнаа да вадат на пазарот таканаречени „универзални управувачи“ кои требаше да ја заменат шумата со еден уред.  Сепак тоа редовно носеше до проблеми при кои некои управувачи немаа способност да управуваат со некои уреди или со дел од нивните функции, а ако случајно се погодеше кодот за вклучување да биде ист на повеќе уреди, тогаш настануваше вистинско шоу од светло и звук.

Од друга страна управувачот на Neeo е посебна приказна. Тој има екран осетлив на допир и копчиња за управување, со кои може да управува скоро со секој уред во домот. Управувачот може да испраќа команди преку Bluetooth, WiFi, 6LowPAN, ZigBee, па и преку инфрацрвен предавател кој ќе најде употреба при управување со застарена опрема.

Neeo brain
Neeo brain

Од Neeo изјавуваат дека успешноста на овој управувач ќе биде потпомогната од огромната база на тајни кодови кои производителите на опрема ги чуваат, а кои ќе бидат вградени. Со тоа ќе се овозможи управување со најразлични функции кои производителите си ги чуваа за сопствените управувачи.

Соосновачот на Neeo, Оберхолцер, изјави дека до ваквата идеја дошол бидејќи со години работел во индустријата за домашни забавни уреди. Таму сретнал многу незадоволни корисници кои не можеле да се снајдат со далечинските управувачи и сакале начин како да управуваат цел дом од единствен уред, како на пример од таблет. Овој уред го замислиле и да биде персонализиран во однос на тоа кој го држи, па автоматски да ги намести одредени нагодувања кој посебниот корисник си ги внел. Управувањето на уредите се остварува преку Neeo remote, кој е уредот кој го држите во рака, и Neeo brain кој ги испраќа информациите преку сите канали за комуникација.

Останува да видиме дали овој проект успешно ќе се истурка до крај и дали ќе успее да го оствари тоа што го ветува т.е. навистина да стане ултимативниот универзален управувач. Проектот веќе има собрано над 1 милион долари, а вие можете да го поддржите (и да се стекнете со едно парче Neeo brain и Neeo remote кога ќе влезе во производство) за 219 долари.

Извор: Wired, TechHive

Претходна статијаДали Apple развива сопствен интернет пребарувач?
Следна статијаOneBoard Pro+: Android тастатура со вграден компјутер