Фото: Sony

Sony го најави претставувањето на наредната генерација од нивните доста популарни слушалки за во увото, WF-1000XM6, за 12 февруари, односно овој четврток, истиот ден кога ќе го одржат и нивниот „State of Play“ настан за PlayStation 5 игри. 

Како и секогаш, дел од новините кои ќе ги донесе новата генерација од XM-ките, е објавена предвреме неофицијално, па според информациите има неколку карактеристики кои можеме да ги очекуваме. 

Sony WF-1000XM6 ќе дојдат со нов чип QN3e кој треба да овозможи уште подобро поништување на бучавата од претходната генерација. Во ова ќе им помогнат дополнително два микрофони, односно вкупно осум, па заедно со тврдењето дека чипот е три пати побрз од претходната генерација, XM6-ките ќе продолжат да го држат своето високо место на пазарот. 

Дополнително, XM6 слушалките доаѓаат со надграден аудио хардвер, нов звучник, како и подобрен DAC заедно со подобрен засилувач. Сето ова треба да донесе уште подобар квалитет и чистина на звукот кај слушалките кои веќе се познати по ваквите карактеристики. 

Остануваат уште два дена до претставувањето на WF-1000XM6, па ќе ги дознаеме сите нови подобрувања кои тие ќе ги донесат. 

Претходна статијаSony закажа нов „State of Play“ настан за овој четврток
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.