Apple во нивни стил внимателно го следат пазарот на уреди на преклоп и го чекаат вистинскиот момент кога да влезат. Засега можеме да видиме дека овие уреди не се баш какви што би сакале, а посебно се истакнува видливата линија на делот каде се превиткува екранот. Apple да претстави ваков уред, е незамисливо, па знаеме дека тие ќе влезат на овој пазар кога ќе може да се надминат недостатоците.
Сепак, не е дека од компанијата не размислуваат за вакви уреди, а неколку пати досега прочитавме и дека тие работат на развој на истите. Според информациите, од компанијата прво планираат да претстават iPad на преклоп, пред да претстават таков iPhone.
Познатиот Минг-Чи Куо на почетокот од годината дури најави дека iPad на преклоп може да се очекува веќе идната година, но другите извори засега немаат вакви информации.
Без разлика на тоа дали идната година ќе го видиме првиот уред на преклоп од Apple или сепак ќе почекаме уште некоја година, информациите повторно одат во правец на потврда дека од компанијата работат на развој на ваков уред.
Информациите доаѓаат од делови од добавувачите кои работат со Apple, но за жал овој пат нема повеќе информации околу оваа тема. Се што може да се извади како информација е дека од компанијата веќе работат на ваков уред, па ќе видиме во месеците што следат, што дополнително ќе излезе како информација.