OnePlus DR-1 – додека сите очекуваа нов паметен телефон од оваа компанија, производот сепак не беше ни блиску до паметен телефон. Станува збор за дрон што чини 20 долари. Иако претставен на 1 Април, производот не е шега, т.е не е шега дека е вистински производ кој можете да го купите.
Станува збор за дрон што е широк едвај 7 центиметри. Едноставно, ова е малечка играчка која беше претставена во ограничена количина која се потроши за помалку од 24 часа. Дронот не е способен за носење камера, доколку тоа ве интересира. Тешко дека е способен да го крене и вашиот паметен телефон.
Вградената батерија е способна за цели 8 минути непрекинат лет, а се полни за 20 минути. Ваков тип на мини дронови се популарни низ Кина, чисто како безбедна занимација, но не се ништо повеќе од тоа.
Извор: liliputing