Паметните часовници полека стануваат се повеќе популарни, па прашање на време е кога тие ќе почнат да се носат од страна на повеќе корисници од традиционалните часовници. За нив може слободно да се каже дека претставуваат мали компјутери наменети за носење на рацете.
Токму оваа нивна карактеристика ги прави непожелни за време на испитите на се повеќе универзитети во Велика Британија. Студентите при полагање на испит ги оставаат нивните мобилни телефони на посебни места, па ги зимаат по завршување на испитот. Универзитетите сакаат истото да почне да важи и за часовниците, без разлика дали се работи за паметни или обични, поради тоа што не секогаш можат да бидат лесно препознаени од страна на асистентите.
University of London минатата година ја истакна својата загриженост поврзана со очекуваната популарност на паметните часовници, а посебно после претставувањето на Apple Watch. Според нив употребата на овие часовници ќе стане се поголема, па тие треба да почнат да се третираат како мобилните телефони за време на испитите.
Како што би претпоставиле, проблемот со овие часовници е можноста студентите на нив да запишуваат белешки и со тоа да препишуваат на испитите. Дури истакната е и можноста тие да добиваат пораки за време на испитот со одговори на прашањата кои се дел од тестот.
Извор: BuzzFeed, Huffington Post