Најновиот обид за „револуционизирање“ на осветлувањето доаѓа од добро познатата компанија Philips. Тие само што ги објавија своите најнови безжични светла Hue Go кои се наменети за осветлување на секакви простори. Интересното е што овие светла се автономни и можат да издржат светење до 3 часа. Се работи за светла со LE диоди кои се ефикасни потрошувачи на електрична енергија и многу издржливи.
Hue Go можат да светат во повеќе различни бои кои се чудно означени: пријатна свеќа, неделно кафе, медитација, маѓепсана шума и ноќна авантура (Cozy Candle, Sunday Coffee, Meditation, Enchanted Forest, and Night Adventure). Овие модуси на осветлување можат да се контролираат преку стотици апликации за мобилен телефон кои се направени за оваа намена, или мануелно преку користење на копче кое го има на самото светло.
Инаку, рекламата за Hue Go е навистина интересна и можете да ја видите над овој текст. Цената на овие светла ќе биде 100 долари, а тие ќе бидат достапни во мај на Amazon, Apple и Best Buy.
Иновацијата во осветлувањето е интересна тема која може да се набљудува низ годините и вековите. Од измислувањето на стандардната светилка од страна на Едисон, па преку воведувањето на наизменична струја од Тесла, создавањето на флуересцентното („неонско“) светло, па халогенските светла, светла со точно погодени бои, светла кои се базираат на LE диоди, па се до осветлување кое глуми Сонце… еволуцијата на осветлувањето е навистина разноврсна.