apple-watch-6_1

Иако може до некаде да се каже дека Apple касни со претставувањето на нивниот паметен часовник, сепак очекувањата се дека овие уреди ќе ја добијат вистинската популарност по почетокот на неговото продавање. Apple Watch треба да почне да се продава од овој Април, па тогаш ќе можеме да ги видиме и повеќето детали околу неговата работа и функции.

Од порталот Apple Insider, имаат дојдено до апликацијата која што ќе се користи за прилагодување на часовникот. Истата ќе биде достапна со 8.2 верзијата од iOS, каде што и сега може да се најде во кодот на системот.

Од деталниот преглед на апликацијата од страна на порталот, може да се види што корисниците ќе имаат како можност за прилагодување на работата на часовникот. Истата овозможува прилично голем простор за прилагодување на часовникот, а може да се каже и дека нуди повеќе од конкурентните вакви производи.

Апликацијата во основа е поделена на 5 делови, односно контакти, фитнес, пораки, календар и повеќе. Преку овие делови се прилагодува функционирањето на сите овие функции на часовникот кои што се и поврзани со истите функции на телефонот.

Преку овие посебни делови може да е изберат контактите кои што ќе се прикажуваат во делот наменет за тоа на часовникот (најмногу 12), да се постави посебна листа на блокирани контакти само на часовникот, може да се прилагодуваат пораки за брзо одговарање, нотификациите, прикажувањето и функционирањето на фитнес функции, па до местење на часовникот и неговиот изглед и многу повеќе.

Извор: Apple Insider

Претходна статијаСистемот за длабоко учење на Microsoft покажува подобри резултати од луѓето во распоредување на предмети во категории
Следна статијаMarkO ја доби својата прва инвестиција од познатиот акцелератор Rockstart од Амстердам
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.