LG го најави својот паметен часовник заедно со Motorola на денот на претставувањето на Android Wear, оперативен систем базиран на Android специјално прилагоден за работ на ваков тип на уреди. LG G Watch се очекува да биде претставен пред корисниците во втората половина од оваа година, а до тогаш од LG решија да не даваат премногу информации за него. Наместо тоа, тие од време на време пуштаат по некоја информација која што треба да ни даде претстава за каков уред се работи, а и да го задржи вниманието и интересот до неговото претставување. Минатиот месец беа претставени неколку од карактеристиките на часовникот, како избор на бои, интеграција со Google Now и слично.
Во продолжение можете да го погледнете најновото видео од LG каде што прикажува дел од часовникот, но се разбира повторно не открива многу нови информации. Доколку паметните часовници се дел од вашиот интерес и го следите нивниот развој и претставување, ова видео нема нешто многу да ве возбуди, но сепак е интересно да се види дел од тоа што ќе биде претставено.
Извор: Engadget