Ќе се сложите, миењето садови е една од најнепосакуваните домашни обврски.
Одржувањето на хигиената на садовите во кои се чува храната и пијалоците можеби е досадна, но е особено важна работа. Бројни истражувања покажуваат дека особено шишињата за вода или пластичните чаши за кафе се „дом“ на илјадници бактерии. Замислете кога тие би можеле самите да се дезинфицираат?

Токму таков изум беше претставен на CES кој се одржува во Лас Вегас, Невада. Паметното шише за вода Quartz ги неутрализира бактериите со помош на ултра виолетова светлина. На тој начин ја одржува сопствената хигиена и ја држи водата чиста. Quartz има капацитет од половина литар, а процесот на чистење се случува автоматски, на секој 4 часа. UV светилката е сместена во капачето, а со едно полнење таа може да биде во функција до 3 месеци.
Двојната облога на шишето нуди можност течноста во него да биде задржана ладна цели 24 часа. Од друга страна, топла течност, ќе ја задржи својата температура половина од тоа време. Цената на ова задоволство ќе се движи околу 100 американски долари.
Извори: CNet, CelarlyQuartz