Rever-3D-Printer-Designed-For-Home-Printing-Unveiled-By-Qubea-3D

Технологијата на 3Д печатачи напредува и има здрав потенцијален пазар, па како што веќе предвидовме претходно треба веќе да вади конкурентни и достапни производи кои ќе се натпреваруваат во способности и цена.

Токму тоа се случува, а еден пример e Rever 3D. Се работи за Kickstarter кампања за создавање на најдостапниот домашен 3Д печатач засега. Rever 3D ќе биде изграден од цврста пластика што овозможува да му се намали цената, а ќе користи биоразградливи суровини од кои едно пакување ќе пристигне заедно со печатачот.

Тоа што е погодно за малите членови на семејството е што печатачот ќе може да се управува преку апликации за iOS и Android. Преку нив ќе може да се создаде некој едноставен дизајн кој децата ќе можат да го испечатат пред нивните очи. Пред нивните очи, но далеку од било какви делови од телото бидејќи подлогата за печатење ќе биде затворена со пластична проѕирна вратичка која нема да може да се отвори се` дури не се тргнат сите опасни делови од машината на своето место.

Според Qubea 3D, компанијата која ја започна кампањата, идејата ја добиле откако посетиле многу школи и забележале колку оваа технологија ги плени децата и ги прави радосни кога ќе го добијат својот испечатен дизајн во рака.

Цената на Rever 3D за поддржувачите на кампањата е 299 долари (+ транспорт), а регуларната цена ќе биде 399 долари, што би рекле дека е на линијата на достапност. Ако почекаме уште малку ќе дочекаме и 3Д печатачи од 100, па 50 долари, слично како денешните домашни кои ги поседуваме.

Извор: TechRadar, Walyou, Geeky Gadgets

Претходна статијаПретставен првиот трејлер за продолжението на „Ден на независноста“
Следна статијаДостапен Firefox 43 со првата 64-битна верзија за Windows