Samsung слободно може да се каже дека се главниот играч на пазарот на уреди на преклоп, иако конкуренцијата од кинеските производители не е баш слаба. Сепак, од компанијата идната година се најавува дека ќе претстават нов уред на преклоп, направен специјално како одговор на сѐ уште непретставениот и неофицијален iPhone Fold.
Интересно е какво е влијанието на пазарот од страна на Apple, па компанијата која веќе седум години претставува уреди на преклоп веќе се прилагодува на влезот на Apple на овој пазар.
Ова може да се види и од предвидувањето од страна на IDC, кои очекуваат раст на пазарот на уреди на преклоп од 30%, само поради влезот на Apple, додека првичното предвидување било само 6%.
Уште поинтересно е што од компанијата најавуваат дека очекуваат Apple да земе дури 22% од овој пазар во првата година по претставувањето на iPhone Fold, а од порталот го нарекуваат „wide fold“.
Доколку се гледаат ваквите анализи, станува јасно зошто компанијата која веќе седум години е прва на пазарот, подготвува конкурентен уред, наместо тоа да биде обратно.
Конкурентниот уред, кој го најавуваат од страна на корејскиот портал ETNews, во основа треба да дојде со формат и димензии кои ќе бидат исти како тие кои се најавуваат за iPhone Fold.
Разликата од Galaxy Z Fold е во тоа што овој уред кога е отворен е доста „висок“, а Apple со нивниот iPhone Fold наводно ќе одат во другиот правец, односно кога уредот ќе биде отворен ќе биде во 4:3 форматот или слично на iPad mini во пејзаж позиција.
За новиот Galaxy Z Fold, кој се очекува заедно со претставувањето на Galaxy Z Fold8 идното лето, се најавува екран со големина од 7,6 инчи кога е отворен, односно 5,4 инчи кога е затворен.
Ова е скоро исто со неофицијалните најави за iPhone Fold, кој се очекува дека ќе има екран со големина од 7,58 инчи кога е отворен, односно 5,3 инчи кога е затворен, иако можни се нешто поголеми димензии при официјалното претставување.
Јасно станува дека Samsung на време планираат да претстават уред со кој нема да дозволат iPhone Fold да го привлече главното внимание кога ќе биде претставен околу месец дена подоцна.
На оваа тема има што да каже и познатиот Ice universe, кој е доста критички настроен кон Samsung изминатиот период.








































