Кога Samsung го претстави Galaxy Note9 минатата година, тој дојде со ново S Pen панкалце кое има поголема намена, од само основната да се користи за пишување на екранот од телефонот.
За првпат, S Pen дојде со вграден Bluetooth и можност да се контролираат одредени работи на телефонот, како на пример музиката, а уште покорисно, можност за сликање со камерата со притискање на копчето на пенкалцето.
Според патент којшто им е одобрен на Samsung оваа недела, можеме да видиме што тие плнираат за некои од идните S Pen пенкалца, можеби за Note10, ќе видиме.

Во патентот стои дека од компанијата планираат да вградат камера директно во пенкалцето, камера која што за разлика од малите во мобилните, ќе може да овозможи многу подобар оптички зум.
Ваквата поставеност на камерата, покрај подобриот зум, ќе може да овозможи и сликање од одредени агли кои можеби не се толку лесни да се сликаат со мобилниот, а екранот од мобилниот би се користел за точно позиционирање на камерата.
Сликите од камерата во пенкалцето би биле префрлани на мобилниот преку Bluetooth, со што веднаш ќе бидат достапни за разгледување и споделување на друштвените мрежи.