Слика/Image: Let's Go Digital

Samsung во септември ја претстави втората генерација од нивниот уред со екран кој се превиткува и со тоа се добива смартфон кој се претвора во таблет или обратно, кој како сака да го гледа тоа. Оваа втора генерација, Galaxy Z Fold2, дојде со повеќе подобрувања кои беа до некаде критикувани во првата, со што слободно може да се каже дека уредот веќе може да биде купуван и од пошироката публика, секако таа која може да си ја дозволи цената.

Наредната, трета, верзија од Galaxy Z Fold може да дојде со „мало засилување“ во форма на осветлување поставено на шарката, односно надворешниот дел од механизмот за превиткување.

Дека Samsung вакво нешто планира може да се види од поднесениот патент, кој уште од лани е во подготовка, а дури овој месец им е одобрена апликацијата. Обично патентираните работи ретко можеме да ги видиме во некој официјален производ, барем за кратко време, но во овој случај сметаме дека овој патент може да се смета како еден вид најава за што следи.

Се работи за едноставен додаток, затоа и сметаме дека брзо може да го видиме имплементиран, составен од LED светилки поставени по должината на шарката. Тие може да прикажат повеќе бои, а со тоа и да се „имитира“ на пример бојата на позадината на екранот.

Главната намена на овој дел сепак ќе биде привлекување на вниманието на корисникот кога има некакво известување, односно може да се каже дека ова е поголема и понапредна форма на LED сијаличката која ја имаа порано телефоните на предниот дел.

Ваквите телефони дефинитивно ќе ја претставуваат иднината, па затоа ги следиме со посебно внимание. Технологијата на екраните со тек на годините доволно ќе напредне да превиткувањето не создава потенцијални проблеми, а и цените ќе се намалат.

ИЗВОРSamMobile
ИЗВОР 2Let's Go Digital
Претходна статијаФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините
Следна статијаSpotify овозможува пребарување песни преку препознавање на дел од текстот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.