snappower-charger-usb-wall-outlet

Колку пати сме се запрашале дали навистина е потребно да извадиме еден уред од штекерот за да го вклучиме телефонот на полнење (на кој, секако, баш тогаш му текнало да се испразни)? Па сме барале слободен штекер, адаптер, кабел…

На таквите маки (кои спаѓаат во категоријата: „first-world problems“) им доаѓа крај со најновиот модел на штекер SnapPower Charger. Нивната идеја е многу едноставна и практична што ја прави применлива насекаде (во американски домаќинства, засега). Имено, тие продаваат капаче за штекер кој има две стандардни места за вклучување на уреди на струја, но дополнително има и една USB порта која овозможува стандардни 5 волти и 1 ампер електрична енергија.

Charger доста лесно се инсталира. Се` што треба да направите е да отштрафите некое постојно капаче за штекер и на неговото место да го заштрафите Charger. Во него постои конвертор кој од 110 волти наизменична струја го претвора во 5 волти еднонасочна, погодна за USB. Како што можете да видите на сликите, овој конвертор се наоѓа веднаш до стандардните места за приклучување, што може да претставува проблем со некои кабли и приклучоци.

Со овој концепт вие практично ќе имате екстра USB порта за полнење на преносни уреди без да морате да барате дополнителни уреди како адаптери и кабли. Едноставно можете да оставите еден USB кабел цело време приклучен за штекерот и кога и да ви треба енергија само да го донесете телефонот и да го вклучите. Да се надеваме дека овој производ ќе се појави и за европскиот стандард (220 волти на 50 или 60 херци) и ќе можеме и ние да го користиме.

Извор: GizMag, CNet, The Gadgeteer

Претходна статијаСАД и Русија во соработка за нова вселенска станица?
Следна статија3Д-принтани пушки можат да користат куршуми со 7.62 х 51 калибар