15c8817d9b1228dae91a4dee49fa8d88_original

Тргнувате да возите за да искачите некоја планина. Земате се` што ви е потребно – телефонот, доволно вода, храна, шешир, ранец со резервни маици… Се` е тука. Весели и среќни (и испотени) што стигнавте до половина пат го вадите телефонот за да проверите преку GPS/Глонасс каде точно се наоѓате и накаде да тргнете на раскрсницата и – вашиот телефон се изгасил бидејќи ја потрошил батеријата. Остатокот од групата продолжи, зад вас нема никој, а немате поим накаде треба да возите ниту пак можете да се јавите некому.

Не се секирајте, на ваквите проблеми им доаѓа крај, особено на сончево време. Имено, една корејска компанија започна Kickstarter проект за создавање на ултратенок сончев панел кој има одлични конвертирачки карактеристики. Се работи за Solar Paper, кој е тенок колку лист од тетратка (околу 4 мм) и тежок 114 грама. Димензиите на Solar Paper се 8,9 х 19 цм. што е само малку поголем од iPhone 6 и Samsung Galaxy Note 3. Тоа што е дополнително одлично околу овој сончев панел е што на своите страници има магнетни врски со кои можете да поврзете практично колку сакате панели за да им го зголемите капацитетот на полнење, особено кога нема директна сончева светлина.

Еден Solar Paper можете да го закачите на надворешната површина од ранецот и тој цело време да биде поврзан со вашиот телефон, па да го напуштите стравот дека можеби ќе ви снема батерија. Според производителот, тој може да наполни еден iPhone 6 за 2,5 часа, што е приближно исто колку и стандарден полнач во штекер, што е значително подобрување во однос на предходната технологија на сончеви панели.

Ако сакате да го поддржите проектот и патем да си нарачате еден ваков сончев панел, одете директно на Kickstarter страницата на проектот.

Извор: Geek, Kickstarter: Solar Paper

Претходна статијаMicrosoft ја започната кампањата за Windows 10
Следна статијаMicrosoft издаде вонредна безбедносна закпра за сите верзии од Windows