Кога помислуваш на некоја технологија која е револуционерна и делува како “излезена од филм” сигурно не помислуваш дека може во скоро време да стане дел од твоето секојдневие. 
 
Проблемот на денешното живеење – премногу информации, многу забавни содржини достапни преку еден клик и на другата страна многу работни обврски кои чекаат да бидат завршени. Ако немаш доволно самоконтрола (а на сите ни се случува понекогаш), новитет во технологијата се паметните очила Specs. Развиени како старт-ап проект, Specs ветуваат дека ќе ти ги вратат оние 5-6 саати во денот кои ти одат во непродуктивно потрошено време. 

Математичкото прашањето кое бараат да си го поставиме е што би направиле доколку има некој кој што ќе не потсетува постојано дека губиме многу време во денот пред телевизор или гледајќи по социјални медиуми. Како можат очилата да ни помогнат во тој поглед?  

Со добар и модерен дизајн, дури и со диоптриски леќи по потреба, а сепак со вграден визулен сензор, микрофон, сензор за пулс, акцелерометар и bluetooth, Specs претставуваат еден тип на вештачка интелигенција која не следи во чекор. 

Како функционира во пракса? 

Врз основа на тоа што сите имаме различна цел, сепак очилата се придружени од апликација која е целосно прилагодлива на нашите потреби. Тие препознаваат повеќе од 20 активности (читање, разговарање, вежбање..), од кои ние бираме една која ни е во план да ја извршиме. При дистракција од главната цел, добиваме звучен или светлосен сигнал на стаклото. 

Апликацијата води и статистички податоци за организација на времето во денот, а тоа ни овозможува и избегнување на несаканите активности и внесување податоци за активностите на кои што сакаме да посветиме повеќе време во денот. 

Дополнително, производот нуди опции за помош при физичка активнот (следење на пулс, броење на чекори и калории), слушање музика и примање на hands-free повици. 
 
Сето она што е “спакувано“ во овој производ е повеќе од технологија, се работи за еден тип на личен асистент кој ни овозможува да ја ставиме сопствената продуктивност на највисоко ниво. 

Првите 64 парчиња кои беа пуштени во предпродажба преку Indiegogo платформата, веќе се распродадени по цена од 249$, а купувачите ќе ги добијат и ќе почнат со употреба дури во декември, оваа година. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSpotify овозможува пребарување песни преку препознавање на дел од текстот
Следна статијаFacebook Messenger доби нови бои на логото и разговорите