Пишувате коментар на Интернет форум и сакате да прочитате какво мислење тој пред 3 коментари имал за вашата личност, па почнувате да се бркате со глушецот низ темната соба. За среќа, од Synaptics мислат дека не треба да ја мрднете раката од тастатурата кога ќе сакате да користите глушец за некои редовни активности.
Имено, тие само што ја претставија својата најнова тастатура која на тастерот за празно место (space bar) има површина осетлива на допир. Името му е SmartBar. Оваа површина може да се користи за контрола на содржината на екранот преку гестикулации. На пример, гледате мапа на Google Maps и сакате да зумирате до конкретното место – место да го барате глушецот, со два прста правите движење какво што би направиле на екран осетлив на допир, и мапата се зумира пред вас.
Сакате да се движите низ некоја страница, па ја одбирате специфичната гестикулација конкретно за оваа акција. Секако, поддржува и повеќе гестикулации кои ќе ви помогнат во секојдневната работа, како на пример, означување на текст.
https://www.youtube.com/watch?v=h8bPqddGfLs
На тастерот за празно место дури ќе можете да назначите 5 различни делови од површината кои ќе можат да ви покренат различна макро-команда, што особено ќе им се допадне на играчи.
Новата тастатура беше прикажана на Computex саемот, и се очекува дека во следните месеци ќе тргне со освојување на пазарот.
Проблемот со ваквата тастатура веднаш ја гледаме: мора да биде многу добра во игнорирање на непотребни и несакани допири. Ако почне да ги толкува и тие како команди ќе заврши вашето лезет искуство со компјутерот. Во секој случај интересна и добра иновација која ќе ја следиме да видиме до каде ќе стигне и дали ќе биде прифатена од пазарот.