Converted_file_a1cc2d3f

Камера како камера, никој не ја сака бидејќи ја руши приватноста, но секој помислил да земе една за да ја осигура безбедноста. На Смартпортал и претходно имаме пишувано за паметни домашни камери за надгледување.

Меѓутоа, денес ви претставуваме едно поразлично камерче кое преминува од мртов во „полужив“ технолошки свет. Запознајте се со Ulo на Vivien Muller. Ulo е камера со изглед како мало бувче. Покрај тоа што изгледа како оваа птица таа има и соодветни анимации како неа, а во исто време ги врши потребните функции на домашна надгледувачка камера.

На нејзината „глава“ има површина осетлива на допир која се користи за управување со „птицата“. На пример, еден допир ја „буди“ птицата со пригодна анимација или заспива, а два пати и’ сигнализира да започне со активно набљудување.

Штом излезете од домот (што се детектира преку напуштање на безжичната мрежа со телефонот) Ulo започнува да следи движења и да снима. Ако забележи дека некој се движи тоа го снима и ви го испраќа како анимиран GIF по е-пошта.

Во исто време можете да ја користите „птицата“ за директен пренос од домот преку камерата. Ulo има прекрасни анимации преку двата LCD екрани кои се поставени и изгледаат како очи. Додека сте дома таа ве следи со „очите“, а можете да правите слики преку апликација од телефонот. Нормално, кога ќе излезете од дома очите се гасат и не се гледаат. Ако полнежот на батеријата му падне под 10% „очите“ стануваат „уморни“, повикувајќи ве да го наполните уредот.

Се` на се`, Ulo е многу интересен Kickstarter проект кој ќе ги освои сите по дома, особено децата. Засега можете да нарачате едно вакво бувче за 149 долари.

Извор: Contemporist, PR.AI

Претходна статијаАНАЛИЗА: Бизнис-моделот на Alibaba (дел 1, вовед)
Следна статијаMicrosoft го менува начинот на кој ќе постапува со пиратските надградби на Windows 10, сеуште треба да го платите