Батеријата на вашиот телефон ќе умре после неколку години како и да е. Причината за ова е природата на нејзините составни елементи. Литиум-јонските батерии, особено тие од поновите генерации имаат вградено електроника која им овозможува да не се преполнуваат и препразнат, па така да го губат животниот век.
Сепак, каква и да е електрониката внатре, батериите ќе отидат во вечните ловишта. Има неколку практични совети како да им го продолжите животниот век, но во повеќето случаи главниот причинител за нивната пропаст е оставањето преку ноќ да бидат поврзани на струја. Тоа предизвикува загревање и постојано дополнување кое резултира во скратување на нивниот капацитет.
За да го реши овој проблем постои UsBidi. Се работи за паметен полнач за телефон со опции кои се` уште не сте ги виделе во други полначи. UsBidi има способност да препознае кога вашата батерија постигнала 100% капацитет и потоа автоматски да го прекине дотокот на струја до неа. Со ова ги избегнува постојаните дополнувања и загревањето.
Тој исто така има способност да ја полни батеријата со двојно поголема брзина (која оневозможува пренос на податоци). Овој модус на работа го одбирате преку притискање на копче кое менува меѓу побрзо полнење и пренос на податоци. Кабелот има на себе LE диоди кои го покажуваат моменталниот статус на полнење, а на својот крај има и магнети кои овозможуваат закачување на кабелот на разни лесно достапни места.
Кабелот е воедно квалитетно изработен и доста подебел од стандардните, што му овозможува да избегне заплеткувања и стандардни оштетувања. Tој е компатибилен со Apple (Lightning) и останатите (Micro USB) уреди.
UsBidi е Кickstarter кампања преку која можете да си нарачате паметен полнач за 18 долари.
Извор: Cult of Mac, UsBidiCharge