
Иако ни изгледа чиста, електрониката е заразена со колонии на бактерии кои среќно и просперитетно живеат на површината. Вашата тастатура е полна со прашина и остатоци од храна, телефонот цело време го фаќате со гола рака, а да не го спомнувам далечинскиот управувач.
За нашето здравје одлично е да има одреден број на бактерии и други штетници околу нас за да ни се привикнува имунитетниот систем. Токму затоа се препорачува децата да не се чуваат како во „стаклено ѕвоно“ туку да се припазуваат да не допираат или пикаат ептен нечисти работи во уста, но да им се остави простор да го тренираат имунитетниот систем во околината.
Сепак, ако сте загрижени за некои помали уреди кои децата знаат често да ги пикнат во уста, како на пример, мобилен телефон, сега ќе имате решение за да им го исчистите пред да го користат и така да го намалите нивниот допир со бактерии и други штетници. Се работи за UviCube, кикстартер проект кој се базира на лампа со ултавиолетово зрачење. Кога ќе го сместите уредот во UviCube тој е бомбардиран од ултравиолетови зраци кои убиваат 99,9% од бактериите кои постојат на неговата површина, и така тој станува чист.
UviCube е така наречен бидејќи неговата форма е како коцка, слична на медицинските уреди за чистење на алатите за работа. Со него покрај телефони и далечински ќе можете да санитизирате шишиња, цуцли и секаков вид на предмети кои ќе можат да се сместат во самиот уред, кој е со димензии 24 х 24 х 28,5 цм. Kickstarter кампањата е во тек и можете да ја помогнете со тоа што ќе нарачате еден ваков уред кога ќе биде создаден за 100 долари поевтино него продажната цена, а тоа е 200 долари.
Повторно ќе напоменам, држењето на ултрачиста средина е многу лошо за нашиот имунитетен систем, но кога се работи за бебиња кои треба допрва истиот да го развијат ова е одличен уред кој ќе ви помогне од време на време да се осигурате дека не пикаат нечисти работи во уста.
Извор: DigitalTrends, UviCube.com, PR.com