Фото: Amazon

Amazon при крајот на минатиот месец претстави нова верзија од Alexa, нешто што беше целосно очекувано, направена на основа на големи јазични модели. Тоа значи дека Alexa асистентот ги добива сите нови можности кои се сега возможни со развојот на генеративната вештачка интелигенција, па корисниците ќе можат да прават многу повеќе од пуштање на музика или проверка на временската прогноза. 

Со претставувањето на Alexa+ сепак се очекуваше и дополнителна промена која ќе ја намали приватноста на корисниците, но не се очекуваше дека ќе биде тргнат изборот на корисниците целосно. 

Забележано како промена во политиката за приватност на компанијата, како и преку имејл испратен до корисниците на Echo звучниците од компанијата, Amazon престанува да ја нуди можноста разговорите со Alexa да не се испраќаат на серверите од компанијата. 

За да можат да продолжат да го користат овој асистент, корисниците веќе нема да можат да сметаат на приватноста, односно разговорите да останат на самиот уред. Користењето на големи јазични модели кај Alexa+ го прави ова очекувано и потребно, па сега се поставува прашањето дали корисниците ќе сакаат да ја користат оваа нова верзија. 

Оваа новина ќе важи за сите, односно и за корисниците кои не планираат да плаќаат за Alexa+, нешто што реално е проблем со овие промени. Корисниците кои сакаат да продолжат да го користат нивниот Echo уред само за основни работи, нема потреба да мора да комуницираат со серверот од Amazon. 

Оваа промена ќе започне од 28 март, а како што беше истакнато во имејл пораката, корисниците веќе нема да можат да го исклучат испраќањето на разговорите на серверите од компанијата. 

Одлуката на Amazon може да се каже дека ни покажува што може да се очекува од повеќето сервиси на пазарот во време на голем напредок на вештачката интелигенција. Приватноста на корисниците, која и така не е на задоволително ниво, може да се каже дека дополнително ќе биде намалена. 

Испраќањето на разговорите на серверите од Amazon не е само по себе толку лошо, односно не значи дека од компанијата ќе направат некаква злоупотреба. Сепак поставувањето на звучник во домот кој ќе може да ги слуша сите разговори, со оваа нова промена става целосно ново значење за ваквите производи. 

ИЗВОРInc
ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаSamsung го најави официјалното воведување на One UI 7 од 7 април
Следна статијаSamsung ја претстави новата линија фрижидери опремени со екрани и подобрена функција AI Vision Inside
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.