BitTorrent, компанијата се’ уште најмногу позната по својот торент клиент кој во главно се користи за симнување на пиратска содржина, последните неколку години покажува дека е способна за многу повеќе. Тие претставија неколку производи кои дефинитивно треба да ја тргнат од асоцирањето со пиратска содржина, користејќи го сепак корисниот P2P протокол.
Најновото нешто што доаѓа од BitTorrent е канал за вести во живо кој ќе се емитува онлајн, односно нема да претставува класичен телевизиски канал.
BitTorrent News, е наречен каналот, ќе биде достапен за следење преку BitTorrent Live платформата развиена од компанијата. Се работи за платформа за емитување на содржина во живо преку користење на P2P протоколот.
Предноста на BitTorrent Live е што со користење на P2P протоколот, не е потребна било каква опрема и сервери за овозможување на преносот. Корисниците се поврзуваат директно до изворот на емитувањето, а секој од корисниците, исто како што е случајот со симнувањето на торент фајлови, презема дел од емитувањето.
Инаку, BitTorrent News за почеток ќе вклучува тим од околу 6 луѓе, кои се поранешни новинари во Al Jazeera English, Fox News и слично. Ќе започнат со емитување на 18-ти јули покривајќи ја конвенцијата на републиканската партија, а треба да продолжат и со друга содржина.
Поради тоа што каналот ќе биде достапен преку BitTorrent Live, ќе може да го следат само корисниците каде што е достапна оваа апликација, односно на Apple TV и macOS (OS X). Ова не ви требало да претставува некој посебен проблем со оглед на фактот што содржината која ќе се емитува во главно ќе биде релевантна за корисниците од САД.
Извор: BitTorrent, TNW, VB