Фото: Bitwarden

Еден од најпознатите и најдобри „менаџери“ на лозинки, Bitwarden, доби поддршка за креирање и чување на „passkey“. Кратко, за потсетување, овие клучеви се користат како доста посигурна замена за лозинките, иако има време додека повеќето сервиси целосно ги откажат лозинките и се користат само passkeys.

Можноста за креирање на passkey е достапна за почеток само преку додатокот за интернет прелистувачите, а за во иднина се најавува поддршка и за мобилната апликација. Ова може да се каже дека до некаде е проблем, па подобро ќе беше доколку од компанијата направеа обратно.

Креирањето на passkey е едноставно и се прави исто како што досега тоа беше можно преку оперативните системи, Chrome, Safari, Edge и слично. Корисниците треба да отидат во прилагодувањата на сервисите кои овозможуваат најава со passkey и да го започнат процесот.

Bitwarden додатокот автоматски ќе го забележи барањето за креирање на passkey, по што корисникот се што треба е да го потврди истото.

Со оглед на тоа што Bitwarden се меѓу ретките кои повеќето корисни функции ги имаат во бесплатниот пакет и оваа новина ќе им биде достапна на овие корисници.

ИЗВОРBitwarden
Претходна статијаApple направиле мала пауза од развојот на наредната генерација од нивните системи поради исправка на грешки кај моменталните верзии
Следна статијаГолем број на корисници почнаа да ги бришат додатоците за блокирање на реклами по воведувањето на мерките од страна на YouTube
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.