Adobe вчера ги издаде најавените закрпи за двата безбедносни пропусти откриени на почетокот од неделата. Новата верзија од Adobe Flash Player додатокот која што е високо препорачливо веднаш да се инсталира е 18.0.0.209, додека сите претходни верзии за засегнати од пропустите и подложни на потенцијални проблеми.
Исто така, сите платформи на кои што е достапен Flash се засегнати од пропустите, па се препорачува сите корисници кои што го користат да ја инсталираат најновата верзија.
Mozilla дури отиде до таму да го исклучи додатокот до издавањето на новата закрпена верзија која што беше најавено дека ќе биде сигурно пуштена до крајот на оваа недела.
Сега корисниците можат повторно да се сметаат за безбедни користејќи го додатокот, колку што би можело за овој веќе непопуларен додаток за кој што повеќето чекаат кога ќе престане неговиот развој и масовно користење.