Google Authenticator апликацијата конечно добива една функција која требаше да ја има одамна, која барањата од корисниците направи да биде воведена и е достапна кај конкурентите со години.

Се работи за можноста за синхронизирање со „облакот“, поточно со Google сметката на корисникот и со тоа кодовите кои ги чува апликацијата лесно да може да се префрлат на друг уред.

Проблемот со ваквите апликации е што доколку уредот е изгубен, украден или едноставен заменет со друг, кодовите кои се чуваат мора повторно да бидат наместени од страните на кои се користат, а тоа подразбира деактивирање на дво-факторската автентикација и нејзино повторно вклучување.

Со синхронизирањето на серверите од компанијата, тие се чуваат таму, наместо на уредот од корисникот, па замената на уредот подразбира само едноставно инсталирање на апликацијата и најавување со Google сметката.

За потсетување, Google Authenticator е апликација која генерира еднократни кодови кои се користат за најавување на сервиси и веб страни на кои е вклучена функцијата дво-факторска автентикација. Користењето на дво-факторска автентикација, а посебно со помош на вакви апликации, наместо со SMS кодови, се смета за една од поважните практики кои се препорачуваат за корисниците.

Важноста на оваа практика се гледа и преку одлуката на Google од 2021 година да ја вклучи дво-факторската автентикација за сите свои корисници, односно веќе не овозможува користење само на лозинка за најавување.

Еден од поголемите конкуренти на Google со ваква апликација е Microsoft и нивната Microsoft Authenticator апликација. Оваа апликација веќе одамна овозможува синхронизирање на кодовите, а од пред две години овозможува и пристап до лозинките кои се зачувани во Microsoft сметката, во главно преку Edge.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаSlack Canvas е нов начин на организирање на работата во овој познат сервис
Следна статијаMicrosoft наводно е во преговори со ЕУ за тргање на Teams од Microsoft 365 пакетот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.