google-com-homepage

Во октомври минатата година можевме да прочитаме за интересна ситуација каде обичен корисник го купува google.com домејнот, најнормално како и било кој друг. Истиот бил само привремено во сопственост на Sanmay Ved, поранешен вработен во компанијата, по што бил вратен од страна на Google.

Според Google се работело за грешка во системот поради кој домејнот останал непродолжен, а со тоа и ослободен за купување од било кого.

За настанатото недоразбирање и повторното земање на домејнот од Вед, Google има исплатено одредена сума на пари, како еден вид на награда за добрата соработка. Оваа сума беше објавена минатата недела, а истата изнесува 6,006.13 долари.

Вака на прв поглед сумата изгледа чудно и сигурно се прашувате како од Google дошле до оваа бројка. Можеби во неа е пресметан некаков данок, па исплатата добива ваква чудна сума.

Сепак, се работи за мала игра од страна на Google, па доколку подобро ја погледнете бројката ќе забележите дека се работи за името Google, напишано со бројки.

Вед исплатената сума се решава да ја донира во добротворни цели, по што од Google ја имаат дуплирано поради таа причина.

Извор: Google, The Verge, 9to5Google

Претходна статијаRedstone Concept: Еве што сакаме да ни донесе Windows 10.1 надградбата
Следна статијаЕве како ќе изгледаат новите Galaxy S7 и S7 Edge
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.