Фото: Shutterstock.com

Според информација која ја објавија од Forbes, Google конечно ќе се приклучи на дел од другите ИТ компании и ќе престане да ги користи SMS пораките за автентикација на сметките, метод кој се користи при дво-факторска автентикација. 

Дека SMS системот е најмногу „ранлив“ од сите видови на овозможување на код до корисникот за негова автентикација е познато со години, па оваа одлука на компанијата ќе ја подобри безбедноста на корисниците. 

Корисниците и сега имаат можност да користат апликации за генерирање на кодови, каква што е Authenticator од Google, но има уште неколку конкурентни, а тука е и можноста за потврдување на најавата преку известување добиено на Android телефон или некоја од Google апликациите на iOS.

Секако, тука е можноста да се користат „passkeys“, нешто што Google ќе го промовира повеќе наместо добивањето на SMS пораки, а овие клучеви се едни од најбезбедните начини за најава. 

На местото на SMS пораките, за корисниците кои не ги користат некои од другите методи, Google ќе овозможи QR кодови со чие скенирање корисниците ќе можат да извршат автентикација и најава. 

SMS пораките се имаат покажано како доста небезбедни за автентикација и доста подложни на „фишинг“, а тука е и довербата во практиките на операторите. 

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Forbes
Претходна статијаЗначителен напредок во дигиталната трансформација на водоснабдителните услуги
Следна статијаФункцијата за диктирање на iPhone привремено го прикажува зборот „Trump“ кога корисникот кажува „racist“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.