Google минатата година најави дека до крајот на годината планира да ја вклучи дотогаш доброволната функција 2SV – two step verification, за сите корисници. Причината за тоа е во главно во честото користење на лоши лозинки од страна на корисниците, кои се користат и на повеќе сервиси, па нивните сметки лесно се предмет на пробивање.

Со користењето на дво-степената автентикација, корисниците не се најавуваат само со внесување на нивната лозинка, туку после тоа од нив се бара да внесат еднократен код кој го добиваат преку SMS или уште побезбедно преку посебна апликација за истото. Корисниците преку мобилните телефони не мора ни да внесат код, па најавувањето по внесувањето на лозинката може да го одобрат преку добивање на известување од Google апликацијата.

Повеќе од 150 милиони корисници сега користат 2VS по промената на практиките од Google, па од компанијата ги објавија и резултатите од оваа промена. Според нивните статистики, пробиените сметки се намалени за 50% по вклучување на дополнителната заштита.

Ова е одлична вест, но сепак покажува дека ни користењето на 2VS не е доволно за да бидат заштитени одредени сметки каде корисниците не користат добри лозинки и повеќе логика при сурфањето. Голем дел од сметките според ова продолжуваат да бидат пробивани, па Google ќе мора да најде дополнителни начини како да ги заштити.

Еден начин кој тие го планираат тоа е преку ново партнерство со познатата платформа Khan Academy. Тие планираат да инвестираат 5 милиони долари за креирање на бесплатни лекции за корисниците како подобро да се заштитат онлајн.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаПриватното здравство се обединува во комора за подобри услуги на граѓаните и деловен развој
Следна статијаSamsung: Galaxy Tab S8 серијата поставува нови стандарди – најголемиот, најхрабриот и најразновиден Galaxy таблет досега
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.