Google во 2022 година го промени начинот на којшто ги прикажува резултатите од пребарувањата на нивната Search страна. Наместо кога корисниците ќе им бидат прикажани одреден број на резултати, по што ќе треба да преминат на втората страна, резултатите почнаа да се прикажуваат континуирано кога ќе се стигне до крајот. Ова е начинот на којшто функционираат друштвените мрежи, па на корисниците им е познат.
Сега, две години подоцна, изгледа од компанијата се имаат премислено, па континуираното прикажување на резултати на една страна ќе биде заменето со „стариот“ начин со посебни страни.
Тоа значи дека повторно се враќа познатиот дел „Goooooogle“ на крајот од резултатите, а корисниците ќе можат да притиснат за наредната страна или да изберат некој од другите.
Според информациите, оваа промена прво ќе дојде на десктоп верзијата од Google Search, по што во месеците што следат ќе биде направена и на мобилната.
Во случајот со мобилната верзија од Google Search, на крајот од резултатите ќе може да се притисне за прикажување на повеќе резултати, односно ќе има мала разлика во начинот на продолжување со гледање на резултатите.